Двата центра се лоцирани во областа Деир ал Балах, во централна Газа, соопштија утринава израелските одбранбени сили (ИДФ).
Арапските медиуми јавуваат за 24 загинати и десетици повредени во оваа област. Ниту арапските извештаи ниту изјавите на ИДФ не може да се проверат од независни извори, додава германската агенција.
ИДФ соопшти дека командните и контролните центри „се користеле од терористите на Хамас за планирање и извршување терористички напади против трупите на ИДФ и државата Израел“. Оттаму додаваат дека биле потребни „бројни чекори“ за да се ублажи штетата врз цивилите.
Ова е уште еден пример за тоа како Хамас ја користи цивилната инфраструктура, во спротивност со меѓународното право, соопшти ИДФ. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата