logo
logo
logo

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

Vecer | 05.08.2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

„Се очекува Нетанјаху да се консултира со својот кабинет и военото раководство во наредните денови за да добие поддршка за својот план“, објавија медиумите. Новинскиот портал ynetnews.com цитираше висок функционер наводно близок до Нетанјаху, кој рече: „Коцката е фрлена, одиме кон целосна окупација на Појасот Газа“.

Нетанјаху претходно вчера објави дека ќе издаде „инструкции“ оваа недела за продолжување на војната во Појасот Газа. Во видео порака објавена во неделата, израелскиот премиер рече дека Хамас одбива да се согласи на договорено решение.

Напорите за обезбедување прекин на огнот и ослободување на заложниците преку индиректни разговори меѓу Израел и Хамас траат со месеци без резултати. Израелските сили моментално контролираат околу 75 проценти од Газа.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) постојано се спротивставуваат на целосната окупација на Појасот Газа, предупредувајќи дека уривањето на сите тунели и бункери на Хамас може да трае со години, според весникот „Тајмс оф Израел“. Воените лидери, исто така, предупредија дека офанзивата насочена кон заземање на цела Газа може да ги загрози животите на заложниците, за кои се плашат дека би можеле да бидат убиени штом ќе се приближат израелските трупи.

Според извештаите, Нетанјаху сега е подготвен да го прифати тој ризик. „Ќе има активности во областите каде што се држат заложниците“, рече функционерот цитиран од ynetnews.com.

Досега, претежно крајно десничарските министри во владата на Нетанјаху повикуваа на целосна окупација на Појасот Газа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk