Еден израелски војник е убиен, а уште еден е повреден додека Тел Авив продолжува со нападот врз Газа и Либан, соопшти денеска израелската армија.
Во соопштениеto се наведува дека војникот загинал во „оперативна несреќа“ во близина на границата со Појасот Газа.
„Еден резервен војник е тешко повреден во судирите на југот на Либан“, се додава во соопштението.
Податоците кои ги објави војската покажуваат дека околу 750 војници се убиени и 5.019 ранети од избивањето на конфликтот во Газа на 7 октомври 2023 година.
Израел почна брутална офанзива на Појасот Газа по минатогодишниот напад на Хамас, при што загинаа повеќе од 42.700 луѓе, главно жени и деца, а беа ранети повеќе од 100.300.
Конфликтот се прошири во Либан, а Израел почна смртоносни напади низ целата земја во кои од октомври минатата година загинаа 2.483 луѓе, а беа повредени повеќе од 11.600.
Израел го прошири конфликтот со копнениот напад врз јужен Либан на 1 октомври. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата