COGAT објави на платформата X дека хуманитарната помош, транспортирана со 21 камион, била собрана од меѓународни организации во Газа, објави Ал Џезира.
Во Газа влегоа и осум цистерни со гориво и шест цистерни со гас за готвење, додека два танкера со гориво беа наменети за „хуманитарни цели во северна Газа“.
Хуманитарните експерти и групи веќе подолго време предупредуваат дека ограничената количина на помош што доаѓа во Газа не е доволно.
Пред почетокот на војната, во Појасот Газа секој ден влегуваа во просек по 500 камиони со помош и друга стока.
Минатата недела највисоките американски функционери го предупредија Израел дека американската влада може да биде принудена да ја прекине помошта за земјата доколку Израел не преземе „итна и постојана акција“ за да дозволи повеќе хуманитарна помош да стигне до Газа.
Активистите за човекови права и правни експерти во исто време ги повикаа САД да го почитуваат законот и веднаш да ја прекинат помошта за Израел.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата