Израелската армија денеска, по истекот на рокот за почеток на примирјето во Газа, гаѓа цели во северниот и јужниот дел на палестинската енклава, потврдија нејзините жители за Ројтерс, а израелските сили потврдија дека нападнале „терористички цели „ во северните и централните делови на Газа со тенкови.
Новинар на АФП во Сдерот, израелски град на северниот раб на палестинската територија, видел неколку експлозии и облаци од црн чад што се издигале во областа Беит Ханун по осум часот наутро.
Тројца Палестинци утрово се убиени во израелски напад врз источниот дел на Газа во, според медицински извори.
Израелската армија утринава соопшти дека прекинот на огнот не стапил во сила во 7:30 часот бидејќи Хамас не доставил список на израелски заложници кои требало да бидат ослободени според договорот за прекин на огнот.
Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека нападите на израелската армија ќе продолжат се додека палестинската исламистичка организација не ги исполни своите обврски.
Тој додаде дека армијата е подготвена да го спроведе договорот за прекин на огнот, но е подготвена и да одговори доколку Хамас ги прекрши неговите одредби.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во последниот час пред првично договорениот прекин на огнот да стапи на сила во 7:30 часот, рече дека прекинот на огнот со Хамас нема да започне додека палестинското исламистичко движење не ја предаде листата на заложници, а Хамас цитираше технички проблеми на теренот.
Нетанјаху „синоќа изврши безбедносна проценка во врска со одложувањето на добивањето на списокот со заложници што треба да бидат ослободени“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.
„Тој ја информираше израелската војска дека прекинот на огнот што требаше да стапи на сила во 7:30 нема да започне додека Израел не добие список на заложници што треба да бидат ослободени, што Хамас се обврза да го обезбеди“, се додава во текстот.
Прекинот на огнот за кој Катар преговараше со помош на САД и Египет треба да стапи на сила во 7:30 часот.
Хамас во соопштението рече дека има намера да го испочитува договорот, но призна дека доцнело со обезбедувањето на имињата на заложниците кои треба да бидат ослободени, „поради технички причини на теренот“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата