logo
logo
logo

Почна примирјето во Газа, тројца министри му поднесоа оставка на Нетанјаху

Vecer | 19.01.2025

Почна примирјето во Газа, тројца министри му поднесоа оставка на Нетанјаху

Тврдокорниот израелски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и уште двајца министри од неговата националистичко-верска партија поднесоа оставки до премиерот Бенјамин Нетанјаху поради договорот за прекин на огнот во Газа, соопшти денеска нивната партија.

Партијата Otzma Yehudit повеќе не е дел од владејачката коалиција, но рече дека нема да се обиде да ја собори владата на Нетанјаху.

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар одржа прес-конференција од Ерусалим.

Тој вели дека „прекинот на огнот се спроведува поради посветеност на нашите браќа и сестри кои се држат во заробеништво“.

„Сакам да појаснам дека Израел е посветен на постигнување на сите воени цели поставени од безбедносниот кабинет, кои вклучуваат враќање на сите наши заложници и разбивање на Хамас“, рече тој.

„Оваа војна можеше одамна да заврши доколку Хамас го положи оружјето и ги предадеше нашите заложници.

Тој вели дека доколку Хамас остане на власт, „регионалната нестабилност би можела да продолжи“ во Газа.

„Ние сме решени да ги постигнеме целите на војната“, додава тој.

Тој нагласува дека она што сега се случува е „привремен прекин на огнот“.

Првата фаза од прекинот на огнот, која трае 42 дена, се очекува да резултира со враќање на вкупно 33 заложници од Газа и ослободување на стотици палестински затвореници и затворенички.

Израелските сили треба да се повлечат во тампон зоната во Газа, а многу раселени Палестинци треба да можат да се вратат во своите домови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk