logo
logo
logo

Италија го обвини генералниот секретар на НАТО: Ќе има последици

Vecer | 22.07.2024

Италија го обвини генералниот секретар на НАТО: Ќе има последици

Позицијата била отворена на почетокот на овој месец на барање на италијанската премиерка Џорџија Мелони, а нејзината влада тогаш рече дека верува дека треба да му биде доделена на Италијанец.

НАТО сè уште не објавиле кој ќе биде назначен, но италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето на крајот на минатата недела за весникот „Ла Стампа“ изјави дека Столтенберг номинирал Шпанец, додавајќи дека одлуката ја смета за „речиси лична навреда“.

Канцеларијата за печат на НАТО, на прашањето за критиките на Крозето, одговори дека „НАТО ќе објави одлука за секое назначување во догледно време“ и одбиле да коментираат дополнително за изјавите на министерот. Крозето рече дека напишал „многу лута порака“ до Столтенберг.

„Ме налути и ќе има последици на лично ниво“, рече Крозето, што претставува крајно невообичаена акција на членка на НАТО против нејзиниот лидер. „Тој го предаде принципот. Италија беше таа која се бореше да ја создаде улогата на претставник на јужното крило“, рече Крозето, додавајќи дека Столтенберг не се согласувал со одлуката за создавање нова улога и затоа ја казнил Италија.

Минатиот месец НАТО го избра поранешниот холандски премиер Марк Руте да ја преземе функцијата од Норвежанецот Столтенберг, кој по 10 години се повлекува од функцијата шеф на организацијата, на 1 октомври.

Запрашан од новинарите дали очекува функцијата да ѝ биде доделена на Италија по заминувањето на Столтенберг, Крозето рече дека се надева дека тоа ќе биде препуштено на „најдобрата личност“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk