Иако првичните извештаи укажуваа дека повеќе од 30 лица се повредени, претседателот на Арагон Хорхе Азкон рече дека на 17 лица им била потребна медицинска помош, а три лица се превезени со хеликоптер.
Според првичните наоди, вртливото тркало кое го носело челичниот кабел на жичарницата паднало. Ова тркало може да се види и на видеата кои кружат на социјалните мрежи.
https://t.co/IgHKLznrJe pic.twitter.com/cm0rimKGTt
— Saúl Esclarín🔻 (@saulesclarin) January 18, 2025
По несреќата неколку лица останале заробени на жичарницата, но спасувачите успеале да ги извлечат.
Ски-центарот веднаш бил затворен и евакуиран.
Un sincero homenaje a los bomberos de la Diputación de Huesca que arriesgaron todo para rescatar a los atrapados en la tragedia del telesilla en la estación de esquí de #Astún (Aragón)
— ᴀɴᴜ🕊 (@_Anu08) January 18, 2025
Su valentía y desinterés encarnan el verdadero heroísmo.
Gracias por su inquebrantable servicio pic.twitter.com/lmMGEXn82w
Снимките кои кружат на интернет по несреќата покажуваат луѓе како лежат во снегот, како и хеликоптери како слетуваат во ски-центарот.
Hay testigos que informan que en alguna pilona en concreto si se habría salido la sirga, pero no hay ninguna imagen aún de ello, sí de los rescates. pic.twitter.com/Y0qo4lrWFh
— Ibón Domínguez 🛂 🇪🇸🇺🇦 (@Ibon_Dominguez) January 18, 2025
Властите потврдија дека во несреќата немало жртви.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата