Станува збор за сино комбе кое за чудо останало неоштетено среде уништувањето во Малибу.
Сопственичката на комбето Фолксваген, Меган Крисл Вајнрауб, рече дека нејзините пријатели секогаш го нарекувале среќно возилото како „магично комбе“.
„Не можам да верувам дека моето комбе е единственото нешто што остана на улицата во која секој ден го шетам моето куче. Останав без зборови кога видов дека сите куќи се изгорени и дека моето комбе Азул, како што јас го нарекувам, го избегна ужасот“, рече таа.
Комбето од 1977 година, кое го нарекла Azul, што значи сино на шпански, претходно било сопственост на нејзиното момче Престон Мартин, кој во него живеел една година.
Двајцата влегле во комбето и отишле на сурфање во неделата пред да избие пожарот, паркирајќи го во Малибу, објави АП.
„Толку е неверојатно што стана светилник на надеж. Сè околу него беше изгорено, уништено. А еве го ова светло сино комбе, стои таму, неоштетено“, изјави Мартин за АП.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата