Како што јави „Украинска правда“, утрово околу 10:50 часот, водителката на Армија ФМ за време на емисијата зела детонатор ВП.9 и почнала да го претура, што предизвикало експлозија. Детонаторот претходно во студиото го донел гостин од украинската војска, пренесе Индекс.
Од експлозијата жената се здобила со рани од шрапнели на рацете и стомакот и била пренесена во болница. Лекарите ја опишаа нејзината состојба како стабилна.
Киевската полиција извести дека ги истражува околностите на експлозијата што се случи во студиото на радио станицата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата