logo
logo
logo

Ирански министер им се закани на САД по потонувањето на воениот брод: Ќе ги запаметите моите зборови (ВИДЕО)

Vecer | 05.03.2026

Ирански министер им се закани на САД по потонувањето на воениот брод: Ќе ги запаметите моите зборови (ВИДЕО)

Во објава на Платформа X, тој напиша дека тоа е злосторство на море, 2.000 милји од иранскиот брег.

Тој додаде дека фрегатата Дена, која била во посета на индиската морнарица и имала речиси 130 морнари на бродот, била погодена во меѓународни води без предупредување.

„Запомнете ги моите зборови: САД горчливо ќе жалат за овој потег“, рече Аракчи.

Америка потврди сè

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет претходно потврди дека американска подморница потопила ирански воен брод во Индискиот Океан.

„Беше потопен од торпедо, тивка смрт. Ова е прво потонување на непријателски брод од торпедо по Втората светска војна. Исто како и тогаш, кога сè уште бевме Министерство за војна, се бориме за победа“, рече Хегсет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk