logo
logo
logo

Калас: Постои загриженост поради можна граѓанска војна во Иран

Vecer | 05.03.2026

Калас: Постои загриженост поради можна граѓанска војна во Иран

Земјите од Блискиот Исток им пренесоа на европските претставници дека се загрижени за можното избувнување на граѓанска војна во Иран како резултат на војната на Техеран со САД и Израел, изјави шефицата на европската дипломатија Каја Калас.

„Кога разговараме со земјите во регионот, тие велат дека се загрижени за граѓанските војни во Иран поради раководството на режимот и она што се случува таму“, рече Калас на видеоконференција на европските министри за надворешни работи и претставници на Советот за соработка во Заливот за ситуацијата во Иран и на Блискиот Исток.

Загриженост за Ормутскиот Теснец

ЕУ сака да најде дипломатско решение, додаде таа. „Војните завршуваат дипломатски и мора да има простор дипломатијата да излезе од оваа спирала на насилство“.

Унијата е „многу загрижена“ за безбедноста на пловидбата и сака Ормутскиот теснец да остане отворен, рече Калас, додавајќи дека бидејќи ЕУ не зависи од нафтата од земјите од Заливот, нападите не влијаеле на безбедноста на снабдувањето на Унијата.

На прашањето за спорот меѓу Шпанија и САД, кои се заканија дека ќе ја прекинат трговијата со Мадрид затоа што не дозволи неговите бази да се користат за напад врз Иран, Калас рече дека се надева оти Вашингтон ќе го почитува трговскиот договор постигнат минатата година, кој важи за сите членки на Унијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk