- Првите приходи од транзитните такси во Ормуска Теснина се депонирани на сметката на Централната банка - наведе Бабаеи.
Иранската новинска агенција Тасним објави дека износот што се наплаќа варира во зависност од видот и количината на товар и нивото на ризик што го претставува секој брод. Иран ги одредува тарифите и механизмите за наплата.
Но, не се наведени детали за бројот на бродови што ја платиле таксата.
„Волстрит џурнал“ на 8 април објави дека Техеран се стреми дополнително да ја консолидира својата контрола врз најважната светска рута за превоз на нафта, наредувајќи им на бродовите однапред да договорат такси со Корпусот на иранската револуционерна гарда и да ги плаќаат во криптовалути или кинески јуани.
Полуофицијалната Иранска новинска агенција (ИСНА) на 19 март објави дека Иран разгледува закон со кој ќе се бара од земјите да плаќаат такси за бродовите што минуваат низ стратешкиот поморски коридор.
Превозот низ Ормуска Теснина е сериозно нарушен откако почна американско-израелската војна против Иран на 28 февруари, предизвикувајќи потреси на глобалните енергетски пазари и зголемувајќи стравувања од долгорочна економска штета.
Американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена продолжи примирјето со Иран.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата