logo
logo
logo

Има 5 работи зошто Бајден ја сака Европа - ЕДНА Е БАЛКАНОТ

Vecer | 15.06.2021

Има 5 работи зошто Бајден ја сака Европа - ЕДНА Е БАЛКАНОТ

Малку се американски претседатели кои стапија на должност со толку многу поминати километри за време на меѓународните патувања како што е Бајден, пишува „Политико“.

Имено, за време на неговиот мандат како потпретседател на САД, Бајден помина повеќе од 1,6 милиони километри на патувања во 57 земји во светот, наведува бриселскиот портал.

На тоа ако се додадат стотиците патувања извршени за време на неговиот мандат како член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот од 1970-тите и може да се каже дека Бајден има најголем отпечаток на јаглерод од сите жители на Белата куќа.

Многу од овие патувања беа во Европа, која отсекогаш имала посебно место во срцето на Бајден. Затоа не случајно неговото прво патување во странство беше всушност патување во Европа.

Според порталот, официјалната цел на патувањето на Бајден може да биде да им покаже на европските сојузници „малку љубов“ по нападите што ги претрпеа под неговиот претходник. Но, Бајден навистина ја сака Европа.

Тој ентузијазам беше опиплив во текот на претходните години, кога и да ја посетуваше својата татковина во Ирска, кога присуствуваше на Конференцијата за безбедност во Минхен или кога ги посети најоддалечените делови на Балканот, односно сите места на кои повремено се враќаше.

Постојат пет места кои Бајден најмногу ги сака во Европа, а тоа се Ирска, Балканот, седиштето на НАТО, Минхен и Унгарија. Политико наведува дека многу американски политичари имаат ирско потекло и дека и двајцата родители на Бајден имаат такво.

Друго европско катче во кое Бајден се најде  професионално и политички е поранешна Југославија, регион полн со историски поделби кои, како што наведува „Политико“, не се разликуваат од Ирска.

Порталот наведува дека Бајден никогаш не се откажал од Балканот, враќајќи се на него повторно и повторно, и долго откако повеќето западни политичари го изгубиле интересот. „Балканот не е споредна стратешка мисија“, им рече тој на колегите од Сенатот по посетата на регионот во 2001 година.

„Југоисточна Европа останува од клучно значењее за безбедноста на целиот континент, а со тоа и на САД“, додаде тогаш.

Откако стана потпретседател во 2009 година, Бајден повторно го посети регионот. Бајден го посети Косово во 2016 година поради отворањето на новиот автопат именуван по неговиот покоен син Боу, кој своевремено волонтираше во Косово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk