Некои го толкуваат пророштвото како крај на една ера и почеток на нова, што носи технолошки и социјални промени.
Папата Франциско почина на 88-годишна возраст, само еден ден по Велигден, што дополнително го одбележа овој тажен момент за Рим и Ватикан, но се појавија бројни „апокалиптични пророштва“ и теории на заговор.
Според извори од Ватикан, папата Франциско се бореше со своето здравје од февруари, кога заврши во болница поради билатерална пневмонија. Неговата состојба неколку пати беше критична, а неговото тело не можеше да го издржи последното влошување.
Со смртта на папата Франциско, светот повторно се сети на едно старо апокалиптично пророштво кое продолжува да предизвикува дебата и теории на заговор.
Станува збор за познатото „Пророштво за врховните понтификати“ на ирскиот епископ Свети Малахија објавено далечната 1595 година.
Според овој текст, списокот на папи завршува токму со Франциско, кој е означен како 112-ти поглавар.
Што значи тоа?
Според легендата, по смртта на последниот папа, Рим ќе биде уништен, а светот ќе го види Последниот суд и целосниот крај до 2027 година.
Пророштвото вели: „Петар Римјанин ќе ги пасе овците меѓу многуте страдања; кога ќе се заврши, градот од седум ридови ќе биде уништен, а Страшниот судија ќе му суди на неговиот народ. Крајот“.
Оваа реченица уште еднаш поттикна бран теории на заговор и апокалиптични предвидувања, иако Католичката црква официјално гледа на автентичноста на пророштвото на Малахија со скептицизам. Според некои толкувања, крајот на овој текст не мора да значи крај на светот, туку крај на една ера и почеток на нова – доба на технолошки промени, различни вредности и редефинирана улога на Ватикан во современото општество.
Наскоро избор на нов папа
Смртта на папата Франциско покрена и друга важна тема: изборот на неговиот наследник. Конклавата, строго чуван процес за избор на нов папа, се очекува да започне во Систинската капела за 15 до 20 дена, во текот на која 120 кардинали помлади од 80 години ќе бидат целосно изолирани од надворешниот свет додека не донесат одлука.
Моментот кога ќе се издигне бел чад од оџакот на Систинската капела ќе означи дека новиот папа е избран. Сепак, како што коментираат некои, по ваквите пророштва останува доза на страв дека тоа можеби нема да се случи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата