Имено, тие се собрале по повод забава која требало да се одржи во центарот на градот, но набрзо сфатиле дека најавениот настан нема да се одржи.
Веб-страницата My Spirit Halloween организирале парада која требало да започне во 19 часот и да трае до 22 часот. Откако се појавиле илјадници маскирани лица, полицијата ги известила дека не е најавен собирот и дека најверојатно биле измамени.
Собирот на голем број луѓе предизвикал големи проблеми во сообраќајот, па морала да реагира и полицијата. По еден час ги известиле дека дошле за џабе и дека се смрзнуваат без причина, пренесува Irish Times.
Ситуацијата ја објави и Даблинската полиција на социјалната мрежа Х. „Лажни информации се шират на интернет и треба да знаете дека нема планирани паради за Ноќта на вештерките во центарот на градот Даблин вечерва или преку ноќ. Ги замолуваме сите присутни безбедно да се разотидат“, напишаа тие.
Веб-страницата која го објавила лажниот настан е симната утрово, пишува The Independent.
@peterfarrelly ♬ A Sky Full of Stars - Coldplay
Многумина се огласија на социјалните мрежи за да ја коментираат оваа „измама“. Некои ја сметаа за „многу смешна ситуација“, додека други беа загрижени дека толку многу луѓе биле измамени и сметаа дека таквите дезинформации може да се користат за лоши цели.
„Ова е доказ дека луѓето веруваат во сѐ што ќе прочитаат на Интернет“, „Не ми се верува дека ова се случило, не знам дали е смешно или тажно“, беа коментарите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата