logo
logo
logo

Њу Делхи е најзагадениот град во светот, се игнорира судската забрана за користење пиротехника

Vecer | 01.11.2024

Њу Делхи е најзагадениот град во светот, се игнорира судската забрана за користење пиротехника

Њу Делхи денеска се најде на врвот на листата на најзагаден град во светот, откако жителите ја игнорираат забраната за огномети како петарди и ракети за палење за време на хинду фестивалот на светата Дивали, предизвикувајќи опасно влошување на квалитетот на воздухот.

Густ смог се спушти во индиската престолнина по прославите на Дивали, целосно ја проголта претседателската палата и околните градини, популарна дестинација за пешаци, тркачи и велосипедисти.

Според швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот IQ Air, индексот на квалитетот на воздухот во Њу Делхи бил 348, што се смета за опасно ниво на загаденост.

Локалните власти забранија употреба на пиротехнички средства за време на прославите на Дивали и зимските прослави во последниве години, во согласност со директивите на Врховниот суд, но се мачеа да ја спроведат мерката и покрај заканата со затворска казна за прекршителите.

Некои хинду групи тврдат дека забраната навлегува во правото на почитување на тој ритуал, додека властите истакнуваат дека нивната цел е да го заштитат животот.

Смогот што денеска се спушти во градот се совпадна со палењето на фарми во северна Индија, што дополнително го влошува квалитетот на воздухот секоја година на почетокот на зимата.

За време на палењето на земјоделско земјиште, студениот, тежок воздух ги заробува загадувачите кои доаѓаат од различни извори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk