logo
logo
logo

Романските гимназијалци ќе учат за комунизмот како задолжителен предмет

Vecer | 16.12.2024

Романските гимназијалци ќе учат за комунизмот како задолжителен предмет

„Носталгијата за комунистичките времиња често се должи на непознавање на историските факти“, изјави министерката за образование Лиџија Дека, додавајќи дека предметот ќе им помогне на младите да стекнат подобро разбирање за демократските процеси.

Новата програма беше претставена на настан кој одбележа 35 години од Романската револуција од 1989 година.

Дека прецизираше дека оваа дисциплина ќе ја изучуваат сите средношколци во Романија. - Би додала дека сите ученици ќе се подложат на оваа дисциплина токму кога се приближува нивниот прв демократски глас, кога се приближува возраста, кога ќе станете зрела личност и ќе почнете да станувате активен граѓанин, вклучително и преку демократскиот гест на гласање, нагласи министерката.

Таа учествуваше на настанот насловен „35 години од романската револуција во 1989 година: Одобрување на наставната програма за историјата на комунизмот во Романија“ што се одржа на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Букурешт. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk