logo
logo
logo

ИДФ ги предупредува војниците да не патуваат во странство

Vecer | 04.12.2024

ИДФ ги предупредува војниците да не патуваат во странство

 Израелската армија предупреди околу 30 свои војници и офицери кои се бореле во Појасот Газа да избегнуваат патување во странство, откако пропалестински групи поднесоа тужби против нив за наводни воени злосторства, јавија израелските медиуми.

Најмалку осум од нив, меѓу кои и војници кои патувале за Кипар, Словенија и Холандија, биле предупредени веднаш да ги напуштат тие земји поради страв дека би можеле да бидат уапсени или испрашани, пишува порталот Инет.

Израелската војска во моментов не им забранува на војниците да патуваат во странство, но прави „проценка на ризик“ за оние кои служеле во Газа пред да го одобри нивното барање, се вели во извештајот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk