Австралискиот јавен обвинител Марк Драјфус денеска го одобри барањето на САД за екстрадиција на поранешниот американски маринец Даниел Дуган, кој се соочува со бројни обвиненија, вклучително и кршење на американските закони за контрола на оружјето и обука на кинески воени пилоти да слетаат на носачи на авиони.
Дуган (55), натурализиран австралиски државјанин, бил уапсен од австралиската федерална полиција во октомври 2022 година во рурална област во државата Нов Јужен Велс, набргу по враќањето од Кина, каде што живеел од 2014 година, пренесува Си-Ен-Ен.
🇺🇸🇨🇳Former U.S. Marine Corps pilot Daniel Duggan will be extradited from Australia to the United States over allegations that he illegally trained Chinese aviators. pic.twitter.com/ycPkyxpmUN
— sanya sanya (@petersanyaone) December 23, 2024
Обвинителот Драјфус рече дека одлучил Дуган да биде екстрадиран во САД за да се соочи со гонење. Дуган ги негира обвинувањата и наведува дека обучувал цивилни кинески пилоти.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата