Грир изјави дека САД моментално преговараат со околу 50 земји, но дека не можат да го чекаат исходот од тие разговори.
- Царините стапуваат во сила истовремено со започнувањето на непосредните преговори, рече Грир.
Новата царинска стапка, која се применува на речиси сите земји, е дополнување на постојните мерки. Сепак, неколку земји нема да бидат погодени од новото зголемување, бидејќи уште од 5 април се под постојна царина од 10 отсто на целиот увоз.
Меѓу земјите што се изземени од утрешните повисоки царини се Обединетото Кралство, Аргентина, Австралија, Бразил и Саудиска Арабија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата