logo
logo
logo

Гранатирана БРАНАТА ВО ХЕРСОН, КРИМ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ВОДА, поплави низ воената зона (ВИДЕО)

Vecer | 06.06.2023

Гранатирана БРАНАТА ВО ХЕРСОН, КРИМ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ВОДА, поплави низ воената зона (ВИДЕО)

Украина ја обвини Русија дека разнела голема брана во окупираната област Херсон на југот на Украина, предизвикувајќи опасност од поплава. Украинскиот претседател Володимир Зеленски итно го свика Советот за безбедност.

Додека Киев и Москва разменуваат обвинувања за нападот на хидроцентралата, водата се излева по воената зона, јавува Ројтерс.

Горниот дел на Каховската хидроцентрала, на југот на Украина, е уништен со гранатирање, но самата брана на акумулацијата не е уништена, изјави за РИА Новости Владимир Леонтиев, шеф на руската управа на градскиот округ Новокахов.

Постои страв дека населените места низводно долж реката Днепар би можеле да бидат поплавени, поради што започна евакуацијата на населението.

Украинското Министерство за внатрешни работи ги повика жителите на 19 села од десната страна на реката Днепар и делови од градот Kерсон да ги соберат најважните документи и домашни миленици, да ги исклучат уредите и да ги напуштат своите домови, предупредувајќи и на можни дезинформации.

Каховка беше крената во воздух од руските окупаторски сили. Степенот на уништувањето, брзината и обемот на вода, како и веројатните области на поплави се разјаснуваат“, објави јужната команда на вооружените сили на Украина на својата Фејсбук страница во вторник наутро.

Хидроцентралата од советско време го снабдува со вода полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, и нуклеарната централа Запорожје, која од минатата година е под руска контрола.

Украинската регионална управа во Херсон соопшти дека нивото на водата ќе достигне критично ниво за пет часа и почна евакуација на населението од опасните подрачја.

Видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат значителна штета на браната.

Градоначалникот на блискиот град Нова Каховка, назначен од Москва, првично ги негираше тврдењата на социјалните мрежи дека браната е крената во воздух, но подоцна рече дека браната била гранатирана од воздух во „сериозен чин на тероризам“.

Тој рече дека во ударите биле уништени вентилите на браната, што предизвикало „неконтролирано излевање на водата“.

Руските служби за итни случаи соопштија дека околу 80 населени места низводно од браната би можеле да бидат погодени, додека руската државна новинска агенција ТАСС објави дека сè уште нема „критична опасност“ за нуклеарната централа во Запорожје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk