logo
logo
logo

Јавниот долг на еврозоната падна на 88,6 проценти од БДП- најзадолжени се Грција и Италија

Vecer | 22.04.2024

Јавниот долг на еврозоната падна на 88,6 проценти од БДП- најзадолжени се Грција и Италија

Во Европската унија, јавниот долг на крајот на четвртиот квартал од 2023 година изнесувал 81,7 отсто од БДП, што претставува намалување за 0,7 процентни поени во однос на претходниот квартал.

Во однос на четвртиот квартал од 2022 година, јавниот долг на еврозоната е намален за 2,2 отсто, а јавниот долг на Европската унија за 1,7 отсто.

Најголем дел од јавниот долг во четвртиот квартал од 2023 година го сочинуваа обврзниците, поточно 83,4 отсто во еврозоната и 82,9 отсто во Европската унија.

Најзадолжена земја на Европската унија на крајот од четвртиот квартал на ЕУ е Грција со долг од 161,9 отсто од БДП, потоа Италија со долг од 137,3 отсто од БДП, како и Франција со долг од 110,6 проценти од БДП.

За разлика од нив, најмалку задолжена земја од еврозоната е Естонија со долг од 19,6 отсто од БДП, потоа Бугарија со долг од 23,1 отсто од БДП и Луксембург со 25,7 отсто од БДП.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk