logo
logo
logo

Германија ја тргна должничката кочница поради зголемените трошоци за одбрана

Vecer | 22.03.2025

Германија ја тргна должничката кочница поради зголемените трошоци за одбрана

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска ги потпиша законските измени со кои се овозможува покачување на границата на државниот долг поради зголемување на трошоците за одбраната и финансискиот пакет од 500 милијарди евра за инфраструктурни и климатски иницијативи, соопшти неговиот кабинет.

Ова значи дека измените, одобрени од парламентот претходно оваа недела, ја поминаа последната пречка и ќе стапат во сила откако ќе бидат објавени во Федералниот службен весник, пренесува ДПА.

Овој потег ја релаксира германската должничка кочница, која поставува строги ограничувања на државните трошоци, за одбрана, цивилна заштита, разузнавање и сајбер безбедност.

Сите такви расходи што надминуваат 1% од бруто домашниот производ (БДП) на Германија сега може да се финансираат со ново задолжување.

Дополнително, треба да се формира посебен фонд ослободен од должничката кочница и да се пополни со заеми до 500 милијарди евра.

Фондот треба да се искористи за финансирање на поправка на застарената германска инфраструктура, со 100 милијарди евра доделени на сојузните држави и уште 100 милијарди евра наменети за мерките за заштита на климата и зелената транзиција.

Лидерот на конзервативната ЦДУ Фридрих Мерц, кој ќе биде следен германски канцелар, побара брзо изгласување на законските измени од парламентот во заминување, пред новоизбраните пратеници да ја преземат функцијата следната недела.

Мерц вчера го бранеше овој потег, нагласувајќи ја потребата од брза акција во светло на геополитичките и безбедносните предизвици, вклучително и тековната војна во Украина и промените во американската политика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk