Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) треба да „храбро да дејствува“ за да ја забрза регионалната економска интеграција и да се соочи со ризикот од трговска војна предизвикана од драстичното зголемување на царините на Вашингтон, изјави денеска генералниот секретар на АСЕАН, Као Ким Хорн.
Десетте земји-членки на АСЕАН, кои САД го сметаат за свој најголем извозен пазар, се меѓу земјите најтешко погодени од зголемувањето на царините од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.
„За да останеме релевантни и отпорни во светот во кој економскиот хаос брзо станува ново нормално, треба да дејствуваме храбро, одлучно и заедно за повторно да ја потврдиме посветеноста на АСЕАН за стабилна, предвидлива и деловна средина“, рече генералниот секретар на АСЕАН на конференција за инвестициите.
Тој го изјави ова пред состанокот на министрите за економија и финансии од Југоисточна Азија и гувернерите на централните банки закажан за утре во Куала Лумпур.
Членовите на АСЕАН одлучија да не преземаат одмазднички мерки против САД, туку да му дадат приоритет на дијалогот со Вашингтон.
„Без итна и колективна акција за забрзување на економската интеграција во рамките на АСЕАН и диверзификација на нашите пазари и партнерства, ризикуваме да го изгубиме своето место во скршената глобална економија која брзо се менува“, додаде генералниот секретар на АСЕАН.
Фото: ЕПА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата