Состанокот на советот НАТО-Украина ќе се одржи на амбасадорско ниво и го свика Киев по нападот на градот Днипро, соопштија официјални лица, пренесе Гардијан.
Вчера Русија за прв пат лансираше нова балистичка ракета над Украина.
Украинските воздухопловни сили првично изјавија дека станува збор за интерконтинентална балистичка ракета, која била лансирана од регионот Астрахан, најверојатно од полигонот Капустин Јар.
Рускиот лидер Владимир Путин објави дека руската армија ја нападнала областа Дњепропетровск со ракетен систем со среден дострел Орешник.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата