logo
logo
logo

Финскиот претседател се налути: НЕ ИГРАМ ПОВЕЌЕ ХОКЕЈ СО ПУТИН

Vecer | 01.07.2022

Финскиот претседател се налути: НЕ ИГРАМ ПОВЕЌЕ ХОКЕЈ СО ПУТИН

Претседателот на Финска, Саули Ниинисто, во интервју за италијанскиот весник „Република“ изјави дека повеќе нема да игра хокеј со рускиот лидер Владимир Путин.

Коментирајќи ја фотографијата на која тој и Путин играат хокеј, финскиот претседател потсетува дека тоа било во 2012 година при неговата прва посета на Русија и дека сега повеќе нема да излегува на мразот со рускиот претседател.

На прашањето дали Путин за десет години се трансформирал од партнер во непријател, тој одговара:

- Не би го нарекол Путин партнер. Споделувајќи ја таа долга граница, мораме да ги решаваме секојдневните проблеми. Во Финскиот залив секогаш има динамичен морски сообраќај. Има мешани семејства. Русија не беше партнер, туку сосед кој треба да го почитувате – рече финскиот претседател.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk