logo
logo
logo

„Фидес“ ја напушти Европската народна партија

Vecer | 18.03.2021

„Фидес“ ја напушти Европската народна партија

Унгарската владејачка партија „Фидес“ на премиерот Виктор Орбан денеска испрати писмо во кое наведува дека го напушта европското семејство на десниот центар.

Ова става крај на долготрајниот конфликт во таа група околу обвинувањата за демократските вредности и владеењето на правото во Унгарија.

Во писмото, кое на „Твитер“ го објави потпретседателката на унгарската владејачка партија, Каталин Новак, стои дека „Фидес“ повеќе не сака да биде членка на Европската народна партија и дека ќе го напушти конзервативното политичко семејство.

„Време е да се збогуваме“, напиша Новак, а пренесува агенцијата АП.

Претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск, веднаш одговори: „’Фидес’ ја напушти христијанската демократија. Всушност, од таму замина пред многу години“.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk