logo
logo
logo

Барањата азил во Холандија преполовени во првиот квартал од 2025.

Vecer | 30.04.2025

Барањата азил во Холандија преполовени во првиот квартал од 2025.

Во првиот квартал од 2025 година, над 4.500 лица за првпат аплицирале за азил во Холандија, што е за 37 проценти помалку во споредба со претходниот квартал и за 50 проценти помалку во споредба со истиот период минатата година, објави денес Националната статистичка служба (CBS).

Намалувањето на барањата за азил главно се должи на помалиот број Сиријци кои избегале во Холандија по падот на режимот на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, објавува „НЛ Тајмс“.

Министерката за азил, Марџолеин Фабер, сè уште не ја спровела ветената „најстрога политика за азил досега“ за која се залага крајно десничарската Партија на слободата на Герт Вилдерс.

Луѓето од Сирија сè уште ја сочинуваат најголемата група баратели на азил во првиот квартал (21 процент од вкупниот број).

Над 900 Сиријци аплицирале за азил во Холандија, што е за 68 проценти помалку отколку во истиот период минатата година, кога над 2.900 лица од Сирија избегале во Холандија.

Бројот на баратели на азил од Ирак и Јемен, исто така, значително се намали во споредба со минатата година. Барањата од Ирачани се намалени од 1.200 во првиот квартал од 2024 година на околу 1.100 во последниот квартал. Барањата на луѓе од Јемен е за 85 помалку од минатата година.

Повеќе од две третини од барателите на азил во првиот квартал се мажи, три четвртини се под 35 години, а една четвртина се деца./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk