logo
logo
logo

ЕУ до крајот на зимата ќе обучи 75.000 украински војници

Vecer | 17.12.2024

ЕУ до крајот на зимата ќе обучи 75.000 украински војници

„Мораме да ѝ го дадеме на Украина она што ѝ е потребно за да победи во оваа војна. На Украина ѝ треба повеќе муниција, посилна воздушна одбрана и поголема поддршка за нејзината одбранбена индустрија“, изјави Каја Калас, пренесе БриселТајмс.

Таа изјави дека Европската унија до крајот на зимата ќе обучи 75.000 украински војници.

Калас потсети и дека во декември ЕУ одобри 4,2 милијарди евра за поддршка на украинскиот буџет и додаде дека почнувајќи од јануари, ЕУ ќе доделува 1,5 милијарди евра за Украина секој месец.

„На Украина ѝ е потребна нашата поддршка на бојното поле. Колку се посилни на бојното поле, толку посилни ќе бидат на преговарачката маса“, рече Калас. И покрај лошото искуство со единиците обучени на Запад, голем проблем ќе биде регрутирањето толку многу луѓе.

За последните случувања во Сирија, Калас изјави дека „Русија е ослабена и не можете да се потпрете на Путин.

Не те поддржува кога ти треба“.

Со други зборови, санкциите наметнати на Сирија ќе останат во сила, освен ако новата влада не се ослободи од Русите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk