logo
logo
logo

Норвешки патнички авион се излизга од пистата и за малку ќе завршеше во море (ВИДЕО)

Vecer | 20.12.2024

Норвешки патнички авион се излизга од пистата и за малку ќе завршеше во море (ВИДЕО)

Авионот на норвешката компанија на летот DY430 меѓу Осло и Молде се излизгал во Молде поради, како што неофицијално се дознава, условите на пистата, а 165-те патници кои биле во Боингот биле евакуирани од леталото, пишува Aviation24.

Во кратките видеа кои се појавија на социјалните мрежи е снимена евакуацијата на патниците, а локалните медиуми потврдија дека немало повредени, но дека одреден број патници се „видливо вознемирени“.

Службите за итни случаи од Авинор (која управува со аеродромот Молде) и кризниот тим на норвешкиот град ја пружија неопходната помош во инцидентот, кој се припишува на неповолните временски услови, вклучително силен ветер и лизгава писта.

Поради тоа, аеродромот Молде привремено ја затвори пистата и ги прекина летовите. Норвешката служба за безбедносно истражување отвори истрага.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk