Говорејќи пред турските новинари на враќање од самитот на БРИКС во Казан, Ердоган вети дека ќе го искорени тероризмот од неговиот извор во Сирија, пренесуваат британските медиуми.
Ердоган додаде дека Турција ќе ја продолжи борбата против милитантите до крај.
По терористичкиот напад во Анкара врз објекти на Турската авијација (ТАИ) во која загинаа пет, а ранети беа 22 лица, турските сили вчера погодија 47 локации поврзани со курдската милитантна Работничката партија на Курдистан (ПКК) во Ирак и Сирија.
ПКК за Анкара од 1984 година е терористичка организација
Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на ПКК, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, соопшти Јерликаја./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата