Вуд го прашал рускиот колега дали Русија се уште верува дека на нејзина територија нема севернокорејски војници, а рускиот претставник во 15-членото тело не му одговорил.
Москва ниту го демантира, ниту директно го потврди присуството на севернокорејски војници. Пјонгјанг првично исто така ги негираше тврдењата, но подоцна ја бранеше идејата за испраќање своја војска, велејќи дека тоа е во согласност со меѓународното право.
Во август оваа година, украинските сили влегоа во руската погранична област во областа Курск, каде што сè уште ја држат територијата.
Советот за безбедност се состана денеска на барање на Русија во врска со испораката на оружје од Запад во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, од друга страна, го критикуваше недостатокот на одговор на Западот кон Русија, откако таа ги вклучи севернокорејските трупи во војната. Тој нагласи дека слабиот одговор на меѓународната заедница може да го охрабри рускиот претседател Владимир Путин да го зголеми тоа воено присуство.
Украинскиот лидер изјави за јужнокорејската телевизија КБС дека верува оти Москва се обидува да постигне договор со Пјонгјанг за испраќање воени инженери и „голем број цивили“ да работат во руските фабрики за оружје.
„Путин ја проверува реакцијата на Западот и верувам дека по сите овие реакции ќе одлучи да го зголеми контингентот. Реакцијата денеска е ништо, нула“, посочи Зеленски.
Тој почна да предупредува за присуството на севернокорејски војници во Русија на 13 октомври. Западните сојузници тоа го нарекоа голема ескалација, но не одговорија со мерки ниту најавија дека ќе го сторат тоа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата