logo
logo
logo

Ердоган: Турција ќе го поддржи сирискиот народ во обновата на земјата

Vecer | 15.12.2024

Ердоган: Турција ќе го поддржи сирискиот народ во обновата на земјата

Тој на провинцискиот конгрес на неговата Партија на правдата и развојот рече дека сирискиот народ постигнал величествена победа со соборување на режимот на Башар ал Асад, јави Анадолија.

Ердоган потсети дека Турција пред 13 години дозволи влез на мигранти од Сирија кои побегнаа од конфликтот и тероризмот во нивната земја и обезбеди засолниште за околу четири милиони Сиријци.

Тој оцени дека Турција се издвојува како клучна земја во регионот и е вреднувана како „остров на стабилноста“ среде хаос и превирања.

Турското национално знаме беше подигнато на зградата на турската амбасада во Дамаск, а активностите на амбасадата продолжија по 12 години, објавија претходно денеска турските медиуми.

Актуелниот турски амбасадор во Мавританија Бурхан Короглу на 12 декември беше назначен за привремен вршител на должност на амбасадата во Дамаск, а турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го информираше амбасадорот Короглу за неговата нова функција, јавува Анадолија.

Турската амбасада, која се наоѓа во дипломатскиот кварт на Дамаск, за време на поранешниот режим на Башар ал Асад, продолжи да работи извесно време по почетокот на конфликтот во Сирија, но на 26 март 2012 година престанаа нејзините секојдневни активности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk