logo
logo
logo

Емануеле Жиофре: Следната година е клучна, проширувањето на ЕУ е врвен приоритет

Vecer | 15.11.2024

Емануеле Жиофре: Следната година е клучна, проширувањето на ЕУ е врвен приоритет

 Тој нагласи дека проширувањето на  ЕУ кон Западен Балкан и земјите со аспирации за членство е итна задача.

Говорејќи на претставувањето на Белата книга 2024 на Советот на странските инвеститори, Жиофре истакна дека Србија мора да го искористи моментот и да одговори на засилениот фокус на ЕУ за проширување.

- Сега е времето за јасни чекори напред. Тоа треба да биде во центарот на нашата работа – на Владата на Србија, Делегацијата на ЕУ, граѓанското општество, компаниите и целата држава, рече Жиофре.

Тој потенцираше дека Планот за раст на Западен Балкан нуди можности за Србија да го зајакне својот економски развој, да го намали социо-економскиот јаз со ЕУ и да го забрза својот пат кон членство.

Жиофре оцени дека планот не е замена за членство, туку само поттик за Србија на патот кон европското семејство. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk