logo
logo
logo

Експлозија во Рим: Се урна зграда, има повреднеи (ВИДЕО)

Vecer | 23.03.2025

Експлозија во Рим: Се урна зграда, има повреднеи (ВИДЕО)

До несреќата најверојатно дошло од истекување на плин, а под урнатините биле пронајдени неколку повредени лица.

Пожарникарите успеале да ја извлечат жртвата од урнатините, а според она што првично го соопштија спасувачите, немало други лица.

Човекот е извлечен од урнатините жив, но со изгореници. Првично се мислеше дека жртвата е жена, пренесува RAI.

Болничарите го стабилизирале мажот пронајден под урнатините, а потоа бил качен на носилки. Претресот на зградата продолжува со голема претпазливост поради натамошно уривање за да се исклучи можноста под остатоците од зградата да има повеќе луѓе.

Пожарникарите набрзо од урнатините извлекле уште еден маж, 50-годишен маж по потекло од Шкотска, кој имал изгореници на 70 отсто од телото. Тој е однесен во болница под црвен код.

Сведок, кој ја слушнал експлозијата, вели дека била гласна и наликувала на „застрашувачки тресок“.

"Се уште бевме во кревет кога слушнавме силен тресок, мајка ми се исплаши и истрча на терасата. Веднаш сфативме дека не се работи за сообраќајна несреќа или нешто слично, туку за експлозија. Се крена чад и набргу потоа го затворивме патот, полицијата и брзата помош почнаа да пристигнуваат", вели еден од сведоците.

На лице место во Рим се неколку противпожарни екипи и карабинери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk