logo
logo
logo

Експлодирал пакет со бомба, во пораката се споменува Цукерберг

Vecer | 14.09.2022

Експлодирал пакет со бомба, во пораката се споменува Цукерберг

Пакетот што експлодираше откако беше испратен до Универзитетот Northeastern во Бостон оваа недела содржеше порака.

Пораката го критикува основачот на Мета и на Фејсбук, Марк Закерберг, објави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на анонимни полициски извори.

Белешката го осудува односот меѓу креаторите на виртуелната реалност и академската заедница, пренесува CNN. Вработен во кампусот, кој го прими пакетот во вторникот, бил повреден во детонацијата и пренесен во болница, соопшти бостонската полиција.

Пронајден и обезбеден е уште еден сомнителен пакет.

Поради овој инцидент, наставата беше откажана во вторник навечер, но ќе продолжи како што беше предвидено во среда, соопшти Northeastern.

Властите сè уште не знаат кој го испратил пакетот или зошто универзитетот бил цел. Пораката во пакетот ја критикуваше компанијата Мета на Цукерберг, која разви платформа за социјална виртуелна реалност наречена Хоризонт.

Си-Ен-Ен пренесува дека пораката содржела предупредување до универзитетот да не соработува со креаторите на виртуелната реалност и со Цукерберг.

Полицијата, исто така, ги предупреди другите универзитети во Бостон, како што се Харвард и МИТ, да ги подигнат нивоата на безбедност и да пријават какви било сомнителни пакети.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk