logo
logo
logo

Поранешниот претседател на Хондурас осуден во САД на 45 години затвор

Vecer | 26.06.2024

Поранешниот претседател на Хондурас осуден во САД на 45 години затвор

Хернандез во март беше прогласен за виновен за заговор за увоз на кокаин во САД и поседување оружје, вклучително и митралези. Обвинителите во Њујорк изјавија дека тој управувал со Хондурас како со „нарко-држава“ и земал милиони долари мито од трговците со дрога за да ги заштити од законот.

-Ја асфалтираше кокаинската автострада до САД, заштитен со митралези, кажаа обвинителите во завршните зборови пред изрекувањето на пресудата.

Покрај затворската казна, поранешниот претседател на Хондурас ќе треба да плати и парична казна од осум милиони долари.

-Јас сум невин, рече Ернандез на изрекувањето на пресудата, наведуваат американските медиуми. „Бев погрешно и неправедно обвинет“, додаде тој.

За време на сослушувањето, судијата го нарече Хернандез „дволичен политичар жеден за власт“, ​​јавија американските меидуми. Хернандез е во затвор во Бруклин од неговата екстрадиција во САД.

Хернандез беше претседател на Хондурас од 2014 до 2022 година, останувајќи на функцијата два последователни мандати во оваа јужноамериканска земја со над 10 милиони жители. Тој првично се вклучи во претседателската трка како кандидат кој ќе воведе ред и закон во земјата и вети дека ќе се справи со криминалот во земјата, поврзан пред се со дрогата. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk