Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека секој може да види дека војната во Украина е изгубена и дека е лоша одлука да се влезе во неа.
Тој додаде дека војната го чинела унгарскиот народ 24,5 милиони евра, а богатите земји уште повеќе, пренесе МТИ.
Орбан денеска за унгарските јавни медиуми изјави дека Унгарија не треба да се плаши од ситуации во кои зазема поинаков став од останатите 26 членки на Европската унија, бидејќи нејзината позиција во иднина може да стане мнозинска позиција.
Тој ја даде изјавата откако претходно стави вето на друга изјава на ЕУ во врска со Украина.
Тој потсети дека Унгарија претходно беше единствената земја која се спротивстави на миграцијата, изгради ограда на границата и влезе во конфликт по ова прашање.
„Осум или девет премиери, кои претходно протестираа против сегашните правила за бегалците, во четвртокот буквално го повторија она што Унгарија го кажа и направи пред десет години“, рече Орбан.
Тој додаде дека унгарските ставови во врска со војната сега се во слична ситуација.
„Сè уште сме далеку од мнозинството, бидејќи мнозинството членови вчера одлучија да ја продолжат војната, испраќајќи уште повеќе пари и оружје во Украина, но таа одлука повеќе не е цврста и непоколеблива како порано“, посочи тој.
Орбан рече дека е уверен дека, како и во случајот со миграцијата, „ќе дојде моментот кога унгарската позиција ќе стане заедничка позиција на Европа“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата