Како што јави Ројтерс, украинските и американските претставници се очекува да се сретнат во Саудиска Арабија подоцна денеска за да разговараат за можен делумен прекин на огнот меѓу Украина и Русија.
Средбата ќе претходи на разговорите меѓу американската и руската делегација закажани за утре.
Средбата ќе следи по серијата разговори одржани во Саудиска Арабија, прво меѓу САД и Русија, а потоа и меѓу САД и Украина, кога Киев го прифати предлогот за 30-дневен прекин на огнот, со активно учество на претседателот Доналд Трамп.
Украинската делегација на денешната средба ќе ја предводи министерот за одбрана Рустем Умеров.
Украинските власти соопштија дека се уште го гледаат денешниот состанок во Ријад како чисто технички.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата