logo
logo
logo

Болничар сакал да убие што е можно повеќе медицински сестри, внел 10 килограми експлозив(ВИДЕО)

Vecer | 23.03.2025

Болничар сакал да убие што е можно повеќе медицински сестри, внел 10 килограми експлозив(ВИДЕО)

Мохамад Фарук, 29-годишник од Лидс, исто така планирал да изврши терористички напад врз воената разузнавачка база РАФ Менвит Хил, во Северен Јоркшир, пишува Би-Би-Си.

На судот во Шефилд, судијата Чима-Груб го осуди Фарук на доживотен затвор со минимум 37 години и го пофали пациент во болницата Сент Џејмс кој успеал да го убеди обвинетиот да не ја активира експлозивната направа.

За време на судењето, Фарук бил наречен „саморадикализиран терорист, волк самотник“ кој имал намера да убие голем број луѓе ако не бил Нејтан Њуби, пациент во болницата кој го навел Фарук да се откаже од својот убиствен план.

Тој рече дека „пристојноста и љубезноста на Њуби спречиле злосторство во породилното одделение на оваа голема британска болница на 20 јануари 2023 година“.

Осуден е на доживотен затвор, со минимум 37 години без жалба. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk