– Идентитетот на загинатите се уште не е познат – изјави портпаролката на полицијата во Фулертон, Кристи Велс, пренесе АП.
Малиот авион со четири седишта се урнал речиси две минути по полетувањето од аеродромот Фулертон во округот Оринџ, кој е на околу 10 милји од Дизниленд, според веб-страницата за следење летови FlightAware.
По полетувањето, пилотот ја известил контролата на летање дека ќе сврти и ќе се обиде да слета, но причината за несреќата е непозната.
Десет повредени се пренесени во болница, а на осум лица им била укажана помош, соопшти полицијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата