logo
logo
logo

CNN: Израел ги известил официјалните лица во САД пред нападот со пејџери во Либан

Vecer | 18.09.2024

CNN: Израел ги известил официјалните лица во САД пред нападот со пејџери во Либан

Според извештаите, изворите биле запознаени со разговорот меѓу американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и неговиот израелски колега Јоав Галант во вторникот наутро.

Неименуваните извори рекоа дека американските власти дознале за експлозиите на пејџери од медиумски извештаи по инцидентот.

Според Си-Ен-Ен, зад нападот во Либан во вторникот, во кој загинаа најмалку 12 лица, а речиси 3.000 се ранети, стојат израелската разузнавачка служба Мосад и армијата.

САД, исто така, му пренеле на Иран преку неофицијален канал дека не се вклучени во нападот и дека Иран не треба да ескалира, изјави американски претставник за Си-Ен-Ен.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Каиро изјави дека САД „не знаеле за овие инциденти, ниту биле вмешани во нив“.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер вчера вечер истакна дека САД не се запознаени со плановите на Израел за наводен напад врз Либан.

Во серија експлозии на пејџери низ Либан загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои и едно дете, а беа повредени околу 2.750 луѓе.

Либанската влада и Хезболах го обвинија Израел за нападот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk