logo
logo
logo

Ужас во Италија: Две девојчиња од Германија загинаа кога на нив налета Бразилка во Мерцедес

Vecer | 19.09.2024

Ужас во Италија: Две девојчиња од Германија загинаа кога на нив налета Бразилка во Мерцедес

Како што се сомневаат, жената зад воланот на мерцедесот двапати со голема брзина поминала на црвено светло, прво ги покосила ученичките, а потоа удрила во уште шест пешаци и неколку возила пред да застане, објави Ил Тирено.

Локалните жители се во шок по несреќата, велат дека сѐ изгледало како атентат. Тие велат дека слушнале голем удар, како експлозија.

Мерцедесот наводно ги косел ученичките со брзина од 80 километри на час. Италијанската полиција не успеала да открие знаци на кочење на местото на настанот.

Хотелскиот работник бил еден од првите што дотрчал на местото на настанот за да им помогне на повредените, но не можел ништо да направи за девојчињата.

„Го слушнав последниот здив, а потоа ништо“, рече тој. Тој додаде дека автомобилот без застанување ги прегазил ученичките.

Пријателите на убиените девојки набрзо пристигнале на местото на несреќата. Тие биле загрижени бидејќи не можеле да ги добијат пријателките на телефон, па на лице место ја дознале страшната вистина.

„Кажете ни нешто, кажете ни дали се тие“, ги молеа полицајците и болничарите, покажувајќи кон телата покриени со церади.

Според медиумите, Бразилката која била зад воланот на Мерцедесот изгледала збунето по несреќата.

„Изгледаше целосно отсутно, нејзините очи потонати во празнина што е тешко да се објасни. Се чинеше дека не разбираше што се случило“, велат сведоците.

На совозачкото седиште седела друга жена со скаменето лице. Бразилката била тестирана на алкохол и дрога, но резултатот бил негативен.

Во несреќата се повредени уште шест лица, од кои едната е жена (60) во тешка состојба.

Истрагата продолжува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk