logo
logo
logo

Чувар „СЕ СТРУПОЛИ“ за време на бдеењето за Кралицата (ВИДЕО)

Vecer | 15.09.2022

Чувар „СЕ СТРУПОЛИ“ за време на бдеењето за Кралицата (ВИДЕО)

За време на 24-часовното бдеење, чувар од гардата на кралицата падна пред ковчегот на британската кралица Елизабета Втора додека ожалостените оддаваа почит. 

Додека стоеше на само неколку метри од ковчегот на кралицата во Вестминстерската сала, чуварот најпрво се тетерави, но брзо се фати да не падне и се врати на своето место. 

Дваесетина секунди подоцна целосно ја изгуби свеста и падна на земја. На помош пред шокираните граѓани кои се собраа да и оддадат почит на починатата кралица дојдоа уште неколку чувари. 

Емитувањето на бдеењето во Вестминстерската сала набрзо беше прекинато и продолжи само еден час подоцна, пишува Индипендент. 

Надлежните се уште не откриваат детали за причината за губењето на свеста или за здравствената состојба на чуварот, а медиумите јавуваат дека брза помош морала да го пренесе во болница на лекување. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk