„Досега Европа беше принудена да ги спроведува американските интереси. Ние силно го отфрламе ова“, рече Чрупала во интервјуто за неделното издание на Ди Велт.
Тој рече дека одбранбениот сојуз мора да ги прифати и почитува интересите на сите европски земји, „вклучувајќи ги и интересите на Русија“. „Ако НАТО не може да го постигне ова, тогаш Германија мора да размисли колку повеќе може да има корист од тој сојуз“, нагласи тој. Тој додаде дека, имајќи ја предвид ситуацијата на првите борбени линии, погрешно е да ѝ се помогне на Украина.
„Русија победи во оваа војна. Реалноста ги стигна оние кои тврдат дека можат да ѝ помогнат на Украина да победи во војната. Германската влада мора конечно да дојде до точка кога сака да ја запре оваа војна“, рече потпретседателот на АфД.
Чрупала најави дека на партиската конвенција во јануари, АфД ќе разговара за безбедносната стратегија на Германија, која ќе биде во центарот на вниманието додека не се формира „независен и ефективен европски воен сојуз“.
АфД е обвинета дека е блиска до официјалните позиции на Москва, а таа партија е една од најжестоките критичари на германската помош за Украина. Голем дел од гласачите во областа на Источна Германија, каде што АфД има најголема поддршка, се крајно критични кон помошта за Украина и конфронтацијата со Русија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата