logo
logo
logo

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе

Vecer | 29.03.2025

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе

 Најмалку 139 лица се водат како исчезнати. Повредените се 3.408 луѓе. Овие бројки се очекува да се зголемат.

Продолжуваат операциите за пребарување и спасување во Мјанмар, особено во најголемите погодени градови - Мандалеј и главниот град Нејпидо. Спасувачки екипи и опрема веќе пристигнаа од други земји. Но, овој процес е отежнат поради штетите што земјотресот ги предизвика на аеродромската инфраструктура на двата града.

Сателитските снимки од компанијата Planet Labs PBC покажаа дека земјотресот ја уништил кулата за контрола на летање на аеродромот во Нејпидо. Сè уште не е јасно дали има повредени или загинати при уривањето на кулата.

Авионите со спасувачки тимови слетуваат на аеродромот во Јангон наместо директно во погодените Нејпидо и Мандалеј.

Во меѓувреме, спасувачите денеска извлекоа 30-годишна жена од урнатините на нејзината станбена зграда во Мандалеј, јавија агенциите. Жената е пренесена во болница. Таа била под урнатините 30 часа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk