logo
logo
logo

Бројот на богати порасна, 117 МИЛИЈАРДЕРИ ПОВЕЌЕ во Европа, отколку пред пандемијата

Vecer | 12.05.2021

Бројот на богати порасна, 117 МИЛИЈАРДЕРИ ПОВЕЌЕ во Европа, отколку пред пандемијата

Европа во моментов има дури 628 милијардери, според листата на милијардери на Форбс за 2021 година, 117 повеќе од претходната година.

Нивното вкупно богатство е три билиони долари, третина повеќе од годината претходно.

Зад овие податоци се крие фактот дека европските милијардери, како и милијардерите во остатокот од светот, не беа особено погодени од кризата, туку токму спротивното.

Хрватскиот портал Индекс потсетува дека бројот на милијардери во светот пораснал за дури 30 проценти, според годишниот извештај на списанието Форбс - сега има 2.755 од кои 493 се нови членови на елитата. Скоро 90 проценти од нив денес се побогати отколку што биле пред пандемијата.

Вкупното богатство на милијардерите пораснало за цели осум билиони и сега изнесува околу 13 трилиони долари, според извештајот на Форбс.

Најбогатите Европејци се Французи и Шпанци

Најбогатиот човек на светот сè уште  е Џеф Безос. Неговите средства се проценуваат на 177 милијарди долари - 64 милијарди повеќе од минатата година.

Втор најбогат е Елон Маск, основач, извршен директор и најголем акционер (21 процент) на производителот на електрични автомобили Тесла, сега тежи 151 милијарда долари, што е за 126 милијарди повеќе од минатата година.

Третиот најбогат човек на светот и најбогат Европеец е Французинот Бернард Арно со своето семејство, чија корпорација LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton има околу 70 елитни брендови како Луј Витон, Кристијан Диор, Живенши и Хенеси. Богатството на Арно е зголемено за дури 74 милијарди долари и сега изнесува 150 милијарди долари.

Четвртиот најбогат човек на светот и втор најбогат Европеец е Шпанецот Амансио Ортега, сопственик на ланецот Зара, кој е „тежок“ 77 милијарди долари - 22 милијарди повеќе отколку во 2020 година. Тој е на 11-то место на Форбс список на најбогати луѓе.

Веднаш зад него е Французинката Франсоа Бетенкур Мејерс со своето семејство, со козметичкиот гигант Лореал. Таа е исто така најбогата жена на светот со 73,6 милијарди долари, што е за 24,7 милијарди повеќе отколку во 2020 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk