logo
logo
logo

Турција ја повика меѓународната заедница да ја признае палестинската држава

Vecer | 21.04.2024

Турција ја повика меѓународната заедница да ја признае палестинската држава

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ја повика денеска меѓународната заедница да се спротивстави на американското вето за кандидатурата на Палестина за полноправна членка на Обединетите нации и да ја признае палестинската држава, јавува агенцијата Анадолија.

- Неправедно е што на Палестина не и се дозволува да стане членка на Обединетите нации. Ја повикуваме меѓународната заедница да се спротивстави на оваа неправда и да ја признае државата Палестина, рече Фидан на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Мавританија Мохамед Салем Оулд Мерзуг во Истанбул.

Фидан рече дека со Мерзуг разговарале за „тековниот масакр во Газа“ и додаде дека Турција и Мавританија се целосно согласни во однос на Газа. 

Напорите на двете нации, како што посочи, ќе продолжат „се додека не се воспостави независна и суверена палестинска држава со источен Ерусалим како главен град и територијален интегритет врз основа на границите од 1967 година“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk