logo
logo
logo

Бил Гејтс сега е ЗАГРИЖЕН ЗА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА

Vecer | 10.05.2022

Бил Гејтс сега е ЗАГРИЖЕН ЗА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА

Во интервју за Си-Ен-Ен, мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека е многу загрижен за економската ситуација во целиот свет.

Тој оцени дека ќе следи период на забавување на економскиот развој.

Тој го кажа ова на прашањето како очекува нападот на Русија врз Украина да влијае на глобалната економија во следните неколку години.

„Ова се случува во екот на пандемијата, за време на која долговите на државите се веќе многу високи и кога има проблеми во синџирот на снабдување. Веројатно е дека забрзувањето на инфлацијата, кое веќе постои во богатите земји, и растот на каматните стапки ќе резултираат со забавување на економијата“, рече тој.

Гејтс нагласи дека има расправии кои многу го загрижуваат.

Американското Министерство за финансии и централните банки на земјите ширум светот ги зголемија каматните стапки за да ја ублажат инфлацијата. Некои сметаат дека растот на каматните стапки е пребрз и дека тоа може да предизвика рецесија.

Банките од Волстрит немаат исто мислење за тоа колку сериозно економијата ќе биде погодена од инфлацијата и дека има сериозни показатели дека инфлацијата е веќе на својот врв, пишува Business Insider.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk